вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Северна Кореја извести за првиот сомнителен случај на Ковид 19

Северна Кореја извести за првиот сомнителен случај на Ковид 19

Северна Кореја го пријави својот прв случај на инфекција со новиот коронавирус, а суспектното е лице кое од Јужна Кореја се вратило во земјата на 19-ти јули, извести во неделата државната новинска агенција KCNA.

Севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун во саботата свикал итен состанок на политбирото на владејачката Работничка партија на кој се разговарало за „итен настан во градот Каесонг“. Ким притоа објавил дека е подготвен да се премине во состојба на максимална подготвеност за заштита од ширењето на коронавирусот.

Подоцна државните медиуми објавија дека режимот на строгите карантински мерки во градот Каесонг е воведен во петокот на 24-ти јули. Се наведува дека сите области на градот се строго изолирани едни од други, а луѓето кои стапиле во контакт со сомнителниот случај се под постојан медицински надзор.

Државните медиуми известуваат дека лицето за кое се сомнева дека е заразено со коронавирусот се вратило од Јужна Кореја по илегално преминување на гранцата претходно во јули. Станува збор, според медиумите, за лице коешто пред три години пребегнало во Јужна Кореја, а се вратило преку утврдената граница којашто ги дели двете Кореи со сомптоми кои сугерираат на Covid-19.

Според официјалните податоци во Северна Кореја во моментов нема ниеден потврден случај на зараза со коронавирусот. Од крајот на јануари во земјата беа преземени итни мерки за заштита од ширењето на болеста, кои вклучуваа строго затворање на и онака затворените граници, прекин на работата на училиштата и воведување карантин на национално ниво

Северна Кореја прими илјадници комплети за терстирање на коронавирусот од Русија и други земји, и одреди строго затворање на гранците. Илјадници луѓе во Северна Кореја се ставени во карантин, но ограничувањата од неодамна се ублажени.