понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шефот на кинеската дипломатија се состана со лидерот на Северна Кореја

Шефот на кинеската дипломатија се состана со лидерот на Северна Кореја

Членот на Државниот совет на Кина и министер за надворешни работи Ванг Ји, кој е во дводневна посета на Пјонгјанг, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Кратките соопштенија, на кинеската телевизија и блогот на кинеското Министерство за надворешни работи, не содржат никакви информации за темите кои биле дискутирани.

Претходно, денеска кинескиот министер за надворешни работи се сретна со својот севернокорејски колега и го увери, дека Пекинг целосно ги поддржува напорите на Северна Кореја да ја развива својата економија по воведувањето на санкции од ОН, што резултираше со намалување на трговијата меѓу Кина и Северна Кореја за околу 90 отсто.

Во март Ким Џонг-ун беше во прва посета на Кина откако дојде на власт пред шест години. На крајот на април, се одржа  историската средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а наскоро се очекува Ким да се состане со американскиот претседател Доналд Трамп.

МИА