петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шефот на ЦЕНТКОМ во посета на Израел

Шефот на ЦЕНТКОМ во посета на Израел

Шефот на американската Централна команда (ЦЕНТКОМ), генерал Мајкл Курила денеска пристигна во Израел на средба со израелските одбранбени претставници, бидејќи продолжува војната против Хамас во Појасот Газа и се зголемуваат тензиите во северниот дел на земјата на границата со Либан.

Предвидено е генерал Курила да се сретне со началникот на израелскиот Генералштаб, потполковник Херзи Халеви, министерот за одбрана Јоав Галант и други официјални претставници за да дознае „кои се барањата на Израел за одбрана, да ги нагласи напорите и поддршката на САД за да се избегне ширењето на конфликтот и ја повтори поддршка на Министерството за одбрана за Израел“.

– Тука сум за да се осигурам дека Израел го има она што му треба да се брани и особено сум фокусиран на избегнување на другите страни да го прошират конфликтот, наведе Курила.

Тој пристигна во Израел во време кога израелските сили, со поддршка на американски воени бродови, се распоредени долж границата на Појасот Газа пред очекуваната офанзива од копно, море и воздух со цел да се уништи Хамас.

Во војната, најсмртоносна од петte војни во Појасот Газа, загинаа повеќе од 4.150 луѓе, најмалку 2.750 Палестинци и повеќе од 1.400 Израелци.