понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпан заинтересиран Германија да почне со употреба на вакцината „Спутник V“

Шпан заинтересиран Германија да почне со употреба на вакцината „Спутник V“

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денеска изјави дека е многу заинтересиран Германија да почне со употреба на руската вакцина „Спутник V“.

Пред новинарите тој кажа дека е заинтересиран за „брзо“ потпишување на договорот со производителот на руската вакцина и додаде дека Германија е во блиски контакти со Русија во врска со нивната вакцина, пренесуваат британските медиуми.

Предуслов, додаде тој, е да се добијат повеќе детали за тоа колку дози ќе бидат испорачани.

-Всушност, јас сум многу заинтересиран, ние како земја да потпишеме договор, доколку Европската унија не направи нешто.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека „Спутник V“ е една од трите вакцини што во моментов се разгледуваат за одобрување за употреба во ЕУ.