понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шпанскиот премиер одбива да понесе оставка

Шпанскиот премиер одбива да понесе оставка

Шпанскиот премиер Маријано Рахој не планира да поднесе оставка на функцијата во пресрет на утрешното гласање за недоверба на неговата Влада, соопшти доцна попладнево претставник на шпанскиот владин Кабинет.

Тој нагласи дека согласно процедурата, Рахој планира да им се обрати на пратениците, пред Парламентот да се изјасни за иницијативата на опозициската Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) за изгласување недоверба на Владата.

Намерата на Рахој да не поднесува сотавка ја потврди и генералната секретарка на неговата конзервативна Народна партија (ПП), Марија Долорес де Коспедал.

– Маријано Рахој нема да поднесе оставка, изјави Коспедал на прес-конференција во шпанскиот Парламент, каде денеска се води дебата по иницијативата на социјалистите.

Изгласувањето недоверба на Владата на Рахој станува се поизвесно, откако денеска Баскиската националиситчка партија (ПНВ) соопшти дека ќе ја поддржи иницијативата на ПСОЕ.

– Веруваме дека ќе ја испониме желбата на мнозинството баскиски граѓани и најдобро ќе ја покажеме нашата одговорност, со тоа што ќе гласаме „за“, изјави пратеникот на ПНВ, Ајтор Естебан.

Во обид да ги убеди партиите на каталонските и баскиските националисти да ја поддржат иницијативата на неговата партија, лидерот на ПСОЕ, Педро Санчез вети дека ако падне Кабинетот на Рахој и ако тој формира нова Влада, ќе го задржи неодамна донесениот национален буџет, кој вклучува значителни поволности за баскискиот регион и најави дека ќе започне дијалог со новата каталонска сепаратистичка Влада.

Со гласовите на националистите од Баскија и Каталонија, се очекува социјалистите да обебзедат доволно мнозинство за уривање на Владата на Рахој.

Ако Парламентот утре и изгласа недоверба на Влада на Рахој, Санчез веќе следната недела би можел да стане нов шпански премиер и да формира Кабинет со задача да организира предвремени избори до крајот на годината.

(Миа)