Шведска ќе ја прекине употребата на вакцината Модерна против коронавирусот за луѓе родени во 1991 година и подоцна, по извештаите за можни ретки несакани ефекти како што е миокардитис, објави во средата шведската здравствена агенција.
Здравствената агенција објави дека податоците укажуваат на зголемување на миокардитис и перикардитис кај вакцинирани млади.
– Врската е особено јасна кога станува збор за вакцината Спикевак на Модерна, особено по втората доза – се наведува во соопштението, истакнувајќи дека ризикот од болеста е многу мал.
Здравствената агенција рече дека сега ја препорачува вакцината Комирнати од Фајзер / Бионтек. Луѓето родени во 1991 година или подоцна кои ја примиле првата доза на Модерна вакцината, околу 81.000 од нив, нема да добијат втора доза Модерна.