четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Шведска се закани дека ќе ги затвори кафулињата и рестораните што не ги почитуваат препораките

Шведска се закани дека ќе ги затвори кафулињата и рестораните што не ги почитуваат препораките

Шведска се закани дека ќе ги затвори сите кафулиња и ресторани што не се придржуваат до препораките од здравствените власти за социјална дистанца.

– Гледаме загрижувачки извештаи за пренатрупани тераси од кафулиња и ресторани. Дозволете ми да бидам многу јасен. Не сакам да видам пренатрупани тераси од рестораните во Стокхолм или кое било друго место, изјави министерот за внатрешни работи Микаел Дамберг.

Владата апелираше до 290 локални самоуправи да известуваат за тоа како кафулињата и рестораните ги применуваат препораките од Агенцијата за јавно здравје.

– Овие упатства мора да се почитуваат, во спротивно локалите ќе бидат затворени, истакна Дамберг.

Шведска се одлучи за релативно либерална политика во борба со пандемијата на Ковид-19, па наместо рестриктивни мерки, одлучи кафулињата и рестораните да останат отворени, како и училиштата.