Шведската Влада денеска ќе предложи нов закон со кој ќе и се овозможат поголеми овластувања во борбата проти пандемијата соновиот коронавирус.
Со новиот закон Владата ќе може да нареди и да имплементира рестриктивни мерки, како што е затворање на трговските центри и вежбалниците.
– За законот прво ќе има дебата, а потоа ќе оди на гласање во Парламентот, а примената на законот би можела да биде од 15 март и да остане во сила околу една година, се наведува во соопштението на владејачката коалиција.
Вториот бран на пандемијата повеќе ја погоди Шведска, каде се забележани негативни дневни рекорди на хоспитализирани и починати лица.
Согласно шведските закони, Владата нема голем простор за спроведување на драконски мерки, како што е целосно затворање на економијата.