вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Си Џинпинг: Кина ја отвора економијата

Си Џинпинг: Кина ја отвора економијата

Кинеските реформи и отвореност со сигурност ќе доведат до успех, изјави претседателот Си Џинпинг на Азискиот економски форум во Боао, познат како „Кинески Давос”.

– Отворањето води кон напредок, а затворањето – до застој, нагласи Си.

Кина никогаш нема да ги заплашува другите земји и да се обидува да го поткопа постоечкиот меѓународен поредок, уверува Си.

Тој додаде дека Пекинг ќе го брани глобалниот мир и ќе го поддржи меѓународниот поредок. Во новата ера, социјализмот со кинеска специфичност ќе се развива според четирите основни принципи – последователни реформи, активни мерки за стимулирање на развојот, зајакнување на отвореноста и помагање на светот, истакна кинескиот претседател.

– Во современиот светски ред се оформиле трендови, при коишто мирот и соработката се неразделно поврзани и од нив се засегнати сите жители на нашата планета, изјави Си.

– Размислување од времето на Студената војна и игрите со нула резултат (заработува само една страна, а другата губи) веќе се застарени и немаат иднина. Заедничките проблеми можат да се отстранат само преку последователни општи мерки насочени кон поддршката на мирот и развојот и со заеднички акции, рече тој.

Покрај тоа, Кина уште повеќе ќе ги отвори своите пазари, особено во областа на финансиите и осигурувањето, ќе ги елиминира инвестициските ограничувања, ограничувањата во производството и автомобилската индустрија и ќе ги зајакне мерките за заштита на интелектуалната сопственост.

Пекинг не се залага за позитивна трговска рамнотежа и искрено сака да го зголеми увозот и да постигне поизбалансиран меѓународен баланс, додаде тој, ветувајќи дека ќе ги намали царините за увоз на автомобили.