недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Силен земјотрес го погоди главниот град на Колумбија

Силен земјотрес го погоди главниот град на Колумбија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди колумбиската престолнина Богота, информира Колумбискиот геолошки институт.

Потресот предизвика паника, па луѓето од канцелариите и рестораните веднаш излегоа на улиците.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот се случил на длабочина од 14 километри, а неговиот епицентар бил на 18 километри северно од Вилависенсио, град со повеќе од 320.000 жители.