Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Салвадор, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Претседателот на Салвадор, Најиб Букеле на Твитер објави дека земјотресот е со магнитуда од 5,9 степени.
Засега нема информации за повредени лица и материјална штета.