Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала го погоди градот Ардахан во Турција.
Канцеларијата за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот ја погодил областа Голе во 17 часот и 8 минути по локално време.
Како што јави агенцијата Анадолија, земјотресот е регистриран на длабочина од седум километри.
Нема информации за штети или повредени.