петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ БАЛИ – жителите се молат само да не ги снајде кобната 2004

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ГО СТРЕСЕ БАЛИ – жителите се молат само да не ги снајде кобната 2004

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Јава и Бали во Индонезија, соопшти индонезиската агенција за следење на земјотресите.

Земјотресот се случил во близина на јужниот брег на провинцијата Источна Јава, на длабочина од 10 километри и 305 километри југозападно од Денпасар, Бали, објави Ројтерс.

Се додава дека овој земјотрес нема потенцијал да предизвика цунами.

Локалните власти проверуваат дали има штета предизвикана од земјотресите, кои силно се почувствуваа во провинцијата Источна Јава и во Бали, велат жителите на социјалните мрежи.

Инаку во Индонезија најголема трага остави силниот земјотрес од 9 степени по Рихтер во 2004-та година, по што следуваше и кобно цунами во кое животот го загубија многу луѓе и беше предизвикана огромна материјална штета.