Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди чилеанскиот регион Кокимбо, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, јавува Ројтерс.
Се уште нема информации за евентуални жртви или материјална штета.