недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силен земјотрес го стресе Перу

Силен земјотрес го стресе Перу

Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Перу.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри од градот Асангаро на длабочина од 200 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во градовите на повеќе од 200 километри од епицентарот.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. (МИА)