петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Силен земјотрес во близина на островот Фиџи

Силен земјотрес во близина на островот Фиџи

Земјотрес со интензитет од 6,9 степени според Рихтерова скала е регистриран во близина на брегот на островот Фиџи, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 253 километри југоисточно од градот Ламбаса, во кој живеат 28.000 луѓе.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, ниту, пак, опасност од цунами.