Фидел Кастро Дијаз Балард јуниор, најстариот син на Фидел Кастро извршил самоубиство откако подолго време страдал од депресија, а за неговата состојба не можеле да помогнат ниту група на лекари кои го третирале.
Фиделито како што е познат на кубанската јавност, немаше амбиции да го „заземе“ тронот во Куба и да го наследи неговиот починат татко кој ја започна револуцијата за ослободување на карипскиот остров од американското влијание.
Токму и затоа нема други сомнежи за неговата смрт, односно нема теории дека е убиен за да биде тргнат од листата на потенцијални нови „вечни“ владетели на Куба каде сега армијата е во преден план до евентуални први избори во оваа комунистичка земја.
Фидел Кастро Дијаз Балард јуниор најмногу е познат по неговите научни достигнувања, но по неуспешната нуклерана програма која заврши во 90-тите години по распадот на Советскиот сојуз тој се повлече од јавниот живот и ретко даваше изјави. Автор е на десетина книги и еден од најзначајните членови на кубанската Академија на науките.