среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сириската Влада ги прогласи за зона на катастрофа областите погодени од земјотресот

Сириската Влада ги прогласи за зона на катастрофа областите погодени од земјотресот

Сириската Влада денеска ги прогласи областите погодени од земјотресот во северозападниот дел на земјата за зона на катастрофа. Тие области ги вклучуваат провинциите Алепо, Идлиб, Латакија и Хама, соопшти сириската новинска агенција САНА.

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ја посети Универзитетската болница во градот Алепо, кој беше погоден од неодамнешниот разорен земјотрес.

Како што соопштија од кабинетот на претседателот на Сирија, Асад ги посетил повредените во земјотресот. Досега е потврдено дека во земјотресот во Турција и во Сирија загинале повеќе од 21.000 луѓе. (МИА)