петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скоро половина милион Израелци мораа да бидат евакуирани поради воените дејствија

Скоро половина милион Израелци мораа да бидат евакуирани поради воените дејствија

Речиси 500 илјади Израелци се раселени во нивната земја по нападите на Хамас на 7 октомври, соопшти на прес-конференција портпаролот на израелската армија.

-Околу половина милион Израелци се раселени во границите на Израел. Според владините директиви, го евакуиравме целиот јужен Израел, сите населени места во близина на Појасот Газа… Истото го направивме и на север, каде што беа евакуирани 20 населби во близина на границата со Либан, рече портпаролот.