Масовното тестирање на новииот коронавирус во Словачка го намали бројот на новозаразенилица за 60 отсто во една недела, во комбинација со карантинот и другите рестриктивни мерки.
– На примерот на Словачка видовме силен доказ дека масовното тестирање во комбинација со карантинот доведе до драстично намалување на бројот на заболени со Ковид-19, изјави англискиот професор Стефан Флаш.
Словачка бесплатно го тесираше речиси целото население (околу пет милиони жители) во краток рок.
Инфицираните лица, заедно со цело семејство беа ставени во 10-дневна изолација, а вработените, иако во изолација зедоа цела плата. Додека на лицата со негативни тестови им беше дозволено да одат на работа, но не можеа да одат во домовите за стари лица, а студентите не можеа да се вратат дома за празниците.