среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сопругот на Ненси Пелоси возел пијан, па доби ПЕТ ДЕНА затворска казна

Сопругот на Ненси Пелоси возел пијан, па доби ПЕТ ДЕНА затворска казна

Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска е осуден на пет дена затвор и три години условна казна, откако преку адвокат се изјасни за виновен за несовесно возење и предизвикување сообраќајна несреќа во Калифорнија во пијана состојба.

Тој веќе одлежа два дена во затвор и доби два дена намалување поради добро однесување, рече судијата на Врховниот суд на округот Напа, Џозеф Солга, пренесува АП.

Судот пресуди дека Пол Пелоси мора да посетува тримесечен курс за возење.

Покрај тоа, Пелоси ќе мора да плати казна од околу 7.000 долари.

Пол Пелоси беше уапсен поради сообраќајка на 28 мај во округот Напа, северно од Сан Франциско, откако алкотестот покажа дека имал ниво на алкохол во крвта од 0,082 отсто, што е повеќе од дозволената граница.

Полицајците кои реагираа на местото на несреќата во близина на малиот град Јунтвил потврдија дека го застанале Пелоси на возачкото седиште на Порше Карера од 2021 година.