четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Спасувачи трагаат по затрупани под урнатините на зградата во Турција

Спасувачи трагаат по затрупани под урнатините на зградата во Турција

Спасувачите и денеска трагаат по затрупани под урнатините на зградата во источна Турција, изјави денеска претставник на локалните власти.

Гувернерот на провинцијата Малатија, Ајдин Барус, рече дека најмалку 15 луѓе биле во двокатната зграда за време на уривањето, но не може да го каже точниот број на оние кои останале заробени.

Тој рече дека спасувачите слушнале едно лице под урнатините и се обидувале да стигнат до него.

Досега се спасени 13 лица кои се хоспитализирани, а двајца се на интензивна нега, но не се во критична состојба.

Причината за уривањето на зградата се истражува, додека повеќе од 260 спасувачи ја продолжуваат акцијата за пребарување и спасување.