САД го поздравуваат пристапот на Финска и Шведска во НАТО, изјавија денеска од Стејт департментот.
Државниот секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а по презентацијата на протоколите за пристап на двете скандинавски земји во НАТО.
-САД го поздравуваат приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО, изјави портпаролот Нед Прајс.
Лидерите на овие земји денеска имаа средба во Белата куќа и со претседателот на САД, Џо Бајден, на која се дискутираше за нивното членство во алијансата.