вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг ќе остане шеф на НАТО уште некое време, тврдат дипломати

Столтенберг ќе остане шеф на НАТО уште некое време, тврдат дипломати
епа

Јенс Столтенберг ќе остане на чело на НАТО уште една година бидејќи пропаднаа обидите да се најде негов наследник кој би ја добил поддршката од 31 членка на западната одбранбена алијанса, тврдат извори од НАТО.

Официјалната одлука за продолжување на договорот најверојатно ќе биде донесена следниот вторник на состанокот на постојаните претставници на земјите од НАТО во Брисел, јави ДПА.

Столтенберг во последните неколку месеци неколкупати изјави дека не сака нов мандат.