Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за францускиот весник „Фигаро“ истакна дека Турција е многу значајна земја за Алијансата.
– Сите сојузници ја критикуваа операцијата (Извор на мирот), но никој не зборуваше за местото на Турција во НАТО. Турција им дозволи на сојузниците да ги користат нивните бази, учествуваше во борбата против Исламска држава. Турција е единствена земја во НАТО на граница со Сирија и со Ирак. Прими 3,6 милиони бегалци. Турција е многу важна за НАТО. За ова да се разбере, доволно е да се погледне картата и да се испита геостратешката положба на Турција, истакна Столтенберг.
Тој, коментирајќи ја неодамнешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО доживеа мозочна смрт“, наведе дека „НАТО е од витално значење за безбедносните прашања“.
– Тоа го докажа штитејќи речиси една милијарда луѓе секој ден и со децении го одржува својот најголем придонес за одбраната, посочи Столтенберг.