петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СТРАШНА НЕПРАВДА: Речиси 40 години лежел во затвор, а ДНК анализата покажа дека е невин!

СТРАШНА НЕПРАВДА: Речиси 40 години лежел во затвор, а ДНК анализата покажа дека е невин!

Човек кој помина речиси 40 години во затвор во САД поради убиство што не го извршил, ослободен е откако резултатите од ДНК анализата покажале дека е невин.

Шеесет и деветгодишниот Морис Хестингс помина повеќе од 38 години во затвор во Калифорнија за убиството на Роберта Вајдермаер и два обиди за убиство во 1983 година, .

Окружниот обвинител на Лос Анџелес, Џорџ Гаскоњн, во петокот објави дека пресудата за убиство од 1988 година е поништена и дека Хестингс е ослободен од затвор.

-Тоа што му се случи на господинот Хестингс е страшна неправда. Судскиот систем не е совршен и кога ќе дознаеме нови докази, поради кои губиме доверба во пресудата, наша должност е да дејствуваме брзо, изјави Гаскон.