среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СТРАШНИ СНИМКИ: Големо торнадо во Канзас, уништени куќи и згради

СТРАШНИ СНИМКИ: Големо торнадо во Канзас, уништени куќи и згради

Торнадо кое минало низ делови од американската држава Канзас, оштетило повеќе згради. Неколку лица се повредени, додека над 6.500 домаќинства се без електрична енергија.

Властите објавија дека бурата зафатила делови од Вичита и Андовер, како и дека оштетени се 50 до 100 згради.

Шефот на противпожарната служба во Андовер, Чед Расел истакнал дека три лица се повредени меѓу кои една жена потешко. Се уште не е познат точниот број на згради кои се оштетени, а над 900 објекти се нашле на удар на торнадото. Допрва ќе се прави проценка.