Велика Британија треба да вакцинира два милиони луѓе неделно за да спречи ширење на третиот бран на коронавирусот. Тоа е заклучокот на студијата на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.
Велика Британија има повеќе од 71.000 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 2,3 милиони потврдени случаи.
Во студијата, авторите посочуваат дека со цел да се намали притисокот во единиците за интензивна нега под нивоата за време на првиот бран, најголемите ограничувања треба да останат на сила во јануари, училиштата да останат затворени и да се вакцинираат 2 милиона луѓе неделно.
Доколку не се извршат масовни имунизации, болничките приеми, единиците за интензивна нега и смртните случаи во 2021 година може да ги надминат оние во 2020 година, предупредува студијата, додавајќи дека имунизацијата на 2 милиона луѓе неделно ќе има многу големо влијание.
Во четвртокот влстите соопштија дека 600.000 луѓе таму ја примиле првата доза од вакцината на Фајзер/БиоНТех.