Коронавирусот пристигна во сите земји во светот, станувајќи глобална пандемија.
Сепак, тоа не е сè. Пазарите се сериозно во криза, многу луѓе целосно се изолирани, а насекаде низ светот, луѓето панично купуваат одредена храна и производи за хигиена, создавајќи непотребна паника.
Затоа Urban Dictionary го измисли зборот ковидот, со кој се опишуваат луѓе кои во никој случај не им помагаат на другите во овие тешки времиња.
-Овој збор ги опишува сите оние кои активно патуваат од појавата на пандемијата, ризикувајќи ширење на инфекција, или оние кои паничат околу залихите, што предизвикува вистински проблеми во некои области погодени од болеста, пишува Спутник.
Зборот веќе некое време кружи на социјалните мрежи, бидејќи бројни корисници го изразија својот гнев поради несоодветното однесување на некои луѓе, кои беа премногу опуштени или премногу исплашени да размислуваат за другите.
This may be well known but I just saw it. #COVIDIOT. pic.twitter.com/ChALVBIGod
— Karl Bilimoria (@kbilimoria) March 22, 2020