Кинеските власти денес соопштија дека регистрирале први случаи на свинска чума во две фарми кај Пекинг, каде од 1.700 свињи од чумата угинале 86.
Министерството за земјоделство на Кина истакнало дека се испратени експерти да ги дезинфицираат фармите и да ги убијат останатите заразени животни.
Свинската чума е присутна во Африка, Русија и неколку земји од источна Европа. Оваа болест тешко се контролира бидејќи засега не постои ефикасна вакцина. Свинската чума не е опасна за луѓето.
Кинеските власти додале и дека од почетокот на епидемијата на оваа болест во август, убиени се околу 600.000 свињи.