петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Свинската чума стигна до Пекинг: Од почеток на епидемијата убиени околу 600.000 свињи

Свинската чума стигна до Пекинг: Од почеток на епидемијата убиени околу 600.000 свињи

Кинеските власти денес соопштија дека регистрирале први случаи на свинска чума во две фарми кај Пекинг, каде од 1.700 свињи од чумата угинале 86.

Министерството за земјоделство на Кина истакнало дека се испратени експерти да ги дезинфицираат фармите и да ги убијат останатите заразени животни.

Свинската чума е присутна во Африка, Русија и неколку земји од источна Европа. Оваа болест тешко се контролира бидејќи засега не постои ефикасна вакцина. Свинската чума не е опасна за луѓето.

Кинеските власти додале и дека од почетокот на епидемијата на оваа болест во август, убиени се околу 600.000 свињи.