Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина и досега беше потценет, ова се најновите заклучоци на СЗО за новиот сој на Ковид-19.
Според генералниот директор на организацијата Тедрос Гебрејесус, иако болеста е со полесни симптоми, бројот на заразени може да ги попречи здравствените системи, особено во помалку развиените земји.
Во моментов, случаи на Омикрон се официјално пријавени во 77 земји, но вирусот најверојатно циркулира во повеќе држави.
Тедрос смета дека Омикрон не може да се запре само со вакцинација, туку дека се потребни и санитарни мерки како лична хигиена, носење маски, проветрување.
Во меѓувреме, бројот на смртни случаи од коронавирус во САД надмина 800.000, а бројот на заразени во земјата надмина 50 милиони. Податоците се од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
За брзото ширење на Омикрон сведочи фактот дека во последните 11 недели има 100.000 смртни случаи – најмногу за толку краток временски период. Споредбата се базира со зимата 2020 година.