недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО предупредува: Пораст на смртноста во Европа до март

СЗО предупредува: Пораст на смртноста во Европа до март

До март идната година во Европа и во некои делови од Азија би можело од Ковид-19 да починат уште 700.00 лиѓе, предупреди Светската здравствена организација.

Бројот на починати веќе е над 1,5 милиони во 53 земји кои СЗО ги нарекува европски регион.

Европа се соочува со зголемување на бројот на позитивни случаи, што ја натера Австрија повторно да воведе карантин, а другите држави да разгледуваат нови мерки.

Бројни земји меѓу кои Франција, Германија и Грција наскоро би можеле да воведат интензивна кампања за вакцинација, иако во неколку држави жестоко се протестира против нови мерки. Во Холандија изминатите неколку дена имало учични нереди поради повторното воведување на делумен карантин, пренесува Би-Би-Си.

Истовремено, СЗО предупредува на висок или екстремен притисок, кој до март 2022 година ќе биде изложен во одделенијата за интензивна нега во 49 земји и порачува дека Ковид-19 е главна причина за смртноста во Европа.

-На основа на моменталните трендови може да се предвиди дека кумулативниот број на пријавени смртни случаи ќе надмине 2,2 милиони до пролет идната година, соопштено е од СЗО.