Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека „троловите и теоретичарите на заговори“ ги поткопуваат нејзините напори во борбата против смртоносниот коронавирус.
Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гребрејесус им рече на новинарите дека „дезинформациите уште повеќе ја отежнуваат работата на нивните херојски работници“.
– Исто така би сакал да зборувам и за важноста на фактите, а не за стравот. Луѓето треба да имаат пристап до точни информации за да се заштитат себе си и другите, рече директорот на СЗО, додавајќи дека дезинформациите околу новиот вид коронавирус, официјално наречен 2019-nCoV, „предизвикуваат конфузија и шират страв во пошироката јавност“,
– Ние во СЗО се бориме не само со вирусот, туку и со тролови и теоретичари на заговори кои го поткопуваат нашиот одговор. Како што вели насловот во денешен „Гардијан“, дезинформациите за коронавирусот би можеле да бидат најзаразна работа во врка со него, рече директорот на СЗО.
Во таа колумна во „Гардијан“, епидемиологот Адам Кучарски тврди дека најдобриот начин за борба против лагите околу вирусот е да се третираат како вистински вирус.
Кучарски објасни дека, исто како и т.н. репродуктивен број – односно просечниот број на луѓе кои ги заразува заразени лице, кај коронавиорусот е два, „репродуктивниот број“ кај ширењето на вирална содржина на социјалните мрежи исто така е околу два.
Тој додаде дека технолошките компании користат слична тактика за борба против лажните вести како оние што ги користат епидемиолозите за да спречат епидемија.
Со оглед на тоа што отстранувањето на сите лажни вести е речиси невозможно, тие наместо тоа се фокусираа на намалување на бројот на луѓе што би можеле да бидат изложени на штетни содржини.
Така, Гугл се обидува да ја намали изложеноста на луѓето на дезинформации за тековната епидемија со покажување линкови до веродостојни медицински извори кога корисниците преку Гугл бараат информации за вирусот.