СЗО со предупредување – светот е во многу опасен период, бидејќи делта варијантата веќе се распространи во речиси 100 земји. Опасноста е се поголема, не само поради лесното ширење туку и поради мутации кои ќе се развиваат.
СЗО побара од светските лидери да ги вложат своите напори до следната година да биде вакцинирана 70% од свеската популација.
За глобална имунизација потребни се 11 милијарди дози, а само два проценти од залихите беа поделени во сиромашните земји.
-Се наоѓаме во многу опасен период на пандемијата. Во земјите со мал број вакцинирани, страшни се глетките во болниците кои се преплавени со пациенти. Но ниту една земја на планетава се уште не е излезена од шумата. Делата варијантата е опасна и ќе продолжи да еволуира и да мутира, што бара постојана проценка и внимателен одговор за заштита на јавното здравје, изјави генералниот директор на СЗО.