Светската здравствена организација (СЗО) соработува со Кина во врска со барањата за меѓународно одобрување на каква било кинеска вакцина за Ковид-19, изјави денеска помошничката генерален директор Маријангела Симао на брифинг во Женева.
– Канцеларијата на СЗО во Кина и седиштето на СЗО работат со регулаторните тела во Кина, рече Симао. – Ние сме во директен контакт, споделивме информации и барања за меѓународно одобрување на вакцините, посочи таа.
Извршниот директор на Синовак Биотек ДОО вчера изјави дека околу 90 проценти од вработените во кинеската компанија и нивните семејства ја примиле експерименталната вакцина што таа ја развила во рамките на државната програма за итна употреба. (МИА)