понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СЗО: Во пожарите во Португалија и во Шпанија загинаа 1.700 луѓе

СЗО: Во пожарите во Португалија и во Шпанија загинаа 1.700 луѓе

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека повеќе од 1.700 луѓе загинале во неодамнешните пожари само во Португалија и во Шпанија.

Регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге истакна дека моменталната ситуација повторно укажува на „очајната потреба за паневропска реакција на ефикасна борба против климатските промени“.

Клуге наведе дека шумски пожари сега има дури и во Скандинавија, а пожарите во Лондон оваа недела уништиле 41 куќа.

Тој додаде дека климатските промени претставуваат „сеопфатна криза“ што се заканува на здравјето на поединецот и на цело човештво“.

– Климатските промени не се нови. Сепак, нејзините последици се зголемуваат со секое годишно време, секоја година, со катастрофални исходи, посочи Клуге.