Талибанците денеска во Кабул пукаа во воздух за да растераат група жени кои бараа право на работа и образование, речиси една година по доаѓањето на власт на талибанскиот режим.
Околу 40 жени извикувајќи „Леб, работа и слобода“ маршираа покрај Министерството за образование.
Пет минути по почетокот на маршот, група талибански борци испукале рафали во воздух.
Демонстрантките носеа транспарент на кој пишуваше дека 15 август, кога талибанците го зазедоа Кабул пред една година, е „црн ден“.
„Правда, правда. Доста ни е од незнаење“, скандираше толпата пред насилно да биде растерана.
Некои учесници на демонстрациите потоа се засолниле во околните продавници каде талибанците ги бркале и ги тепале со кундаци. (МИА)