недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Татко пукал во берберот: Не му се допаѓала фризурата на синот

Татко пукал во берберот: Не му се допаѓала фризурата на синот

Караница за фризурата на дете во една тексашка берберница завршила со пукање, соопшти денеска полицијата во Хјустон.

Сведоците изјавија дека во саботата во берберница во Хјустон избила кавга помеѓу берберот и таткото на детето, кој не бил задоволен од фризурата.

Потоа таткото испукал три куршуми во берберот и избегал со автомобил.

Повредениот бербер е во болница и неговата состојба е стабилна.

Полицијата се уште трага за напаѓачот.