Американскиот претседател Џо Бајден го назначи Томас Најдс за нов американски амбасадор во Израел, два дена по стапувањето на должноста на новата влада во оваа земја.
Најдс е искусен демократ, кој беше висок функционер на Стејт департментот во времето на претседателот Барак Обама и е познат по борбите против обидите за намалување на американските средства за Палестинците.
Назначувањето на Најдс за нов американски амбасадор во Израел допрва треба да биде одобрено од Сенатот.