понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТРАГЕДИЈА: Причината поради која ова дете почина треба да биде поука за сите родители!

Седум дена подоцна на Рајкел му трнеле прстите, не можел да оди и почнал да халуцинира. Дури тогаш бил одведен на лечење, каде добил експериментална терапија, која досега им помогнала на две деца во САД и на уште 18 низ светот кои се нашле во истата ситуација, јавува "Daily Mail".
ТРАГЕДИЈА: Причината поради која ова дете почина треба да биде поука за сите родители!

6-годишниот Рајкер од Флорида допрел еден болен лилјак и по неколку дена умрел. Лилјакот го пронашол во градината на семејната куќа, а иако родителите го предупредиле да не го допира, не ги послушал.

Родителите на малиот Рајкер знаеле дека му е страв од инјекции и не го одвеле во болница, туку само му ја измиле раната.

Седум дена подоцна на Рајкел му трнеле прстите, не можел да оди и почнал да халуцинира. Дури тогаш бил одведен на лечење, каде добил експериментална терапија, која досега им помогнала на две деца во САД и на уште 18 низ светот кои се нашле во истата ситуација, јавува “Daily Mail”.

За болничките трошоци кои семејството на Рајкер требало да ги плати се организирала и кампања на платформата “GoFundMe”.

Беснилото во повеќе случаи е опасно кога ќе почнат да се развиваат невролошки симптоми, а вакцините кои се добиваат по заразата можат да спасат живот.

Раните симптоми на болеста се температура, главоболка и слабост. Кога напредува може да се појават халуцинации и парализа, а заразените луѓе во главно умираат од беснило неколку дена откако ќе се појават тие симптоми.

Родителите ширум светот се во длабока тага, но и оправдан страв. Оваа трагедија за нив ќе биде поука за поголема внимателност и одговорност, како и да не се игнорираат симптомите.