четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија: Скулптура од мраз се скрши и уби двегодишно детенце (ВИДЕО)

Трагедија: Скулптура од мраз се скрши и уби двегодишно детенце (ВИДЕО)

На божиќен панаѓур во Луксембург загина малолетно дете кога се скршил дел од ледена скулптура, кој паднал врз него.

Трагичната несреќа се случила во неделата вечерта на сеам што се одржувал на плоштадот Плас Гијом. Очевидци изјавиле дека скулптурата подоцна целосно се урнала и се распаднала, пренесе „Индипендент“.

Брзата помош набргу пристигнала на местото на настанот и се обидела да го спаси 2-годишното момче.

Но, според локалните медиуми, тоа им подлегнало на повредите и починало на патот кон болницата.

Официјални лица изјавија дека божикниот саем на плоштадот сега е затворен и полицијата истражува како дошло до овој несреќен настан.