Либанските безбедносни служби во јули го предупредиле премиерот и претседателот на државата дека 2.750 тони амониум нитрат кој е складиран во пристаништето во Бејрут, претставува безбедносен ризик и може да го уништи главниот град во случај на експлозија, пренесува Ројтерс.
Две недели подоцна на 4 ти август, експлозијата се случила, а во неа загинаа повеќе од 220 луѓе, додека 110 граѓани и понатаму се возат како исчезнати.
Повеќе од 6.000 жители се повредени, 300.000 луѓе ги изгубиле своите домови, а вкупната штета е проценета на околу 15 милијарди долари.
Ројтерс имал увид во извештајот на Генералниот директорат за државна безбедност за случувањата кои довеле до експлозијата, во која вниманието е свртено на писмото, испратено на 20 јули до претседателот Мишел Аун и премиерот Хасан Диаб.
Иако содржината на писмото не била во извештајот, високиот либански службеник за безбедност за таа новинска агенција изјавил дека во писмото се наоѓала судската истрага покрената во јануари, при што е заклучено дека хемикалијата потребно е веднаш да биде осигурана.
Извештајот за државната сигурност, која е потврдена со пратеното писмо до претседателот и премиер на Либан, претходно не е објавено.
„Постоеше опасност овој материјал, во случај на кражба, да биде искористен во терористички напад“, изјавил службеникот за Ројтерс.
Службеникот, кој сакал да остане анонимен, учествувал во пишувањето на тоа писмо и вели дека властите биле предупредени дека евентуална експлозија би можела да го уништи Бејрут.
Ројтерес не можел самостојно да ја потврди содржината на тоа писмо, а кабинетот на премиерот и претседателот не одговрале на барањата за коментар околу овој документ.
Да потсетиме владата на Либан синоќа поднесе оставка, а премиерот Хана Диаб за тоа откри „ендемска корупција“ во земјата.
Диаб ја осудил корупцијата која според неговото мислење ја довела земјата до „овој потрес со сите хуманитарни, социјални и економски последици“.
Преземено од: https://www.telegraf.rs/