среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп го обвини Нетанјаху за предавство- прв му честитал на Бајден за победата на изборите во САД

Трамп го обвини Нетанјаху за предавство- прв му честитал на Бајден за победата на изборите во САД

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го навреди поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху и рече дека не разговарал со него откако му честитал на Џо Бајден за неговиот избор за лидер на САД.

-Првата личност која го поздрави Бајден беше Биби Нетанјаху, личноста за која направив повеќе од кој било друг со која работев… Биби можеше да молчи. Но, тој направи ужасна грешка. Направи ужасна грешка, рече Трамп, пренесе Аксиос.

„Оттогаш не сум разговарал со него. Нека оди по ѓаволите“, рече Трамп.

Поранешниот американски претседател, истовремено, истакна дека „сè уште му се допаѓа Нетанјаху, но ја цени и лојалноста“.

-За разлика од Нетанјаху, руските претседатели Владимир Путин и Жаир Болсонаро не му честитаа веднаш на американскиот лидер, бидејќи веруваат дека изборите биле наместени, додаде Трамп.

Како што забележува Аксиос, Нетанјаху всушност не е првиот лидер кој му честита на Бајден за неговиот избор. Тој чекаше повеќе од 12 часа откако американските медиуми ги објавија изборните резултати.