Американскио претседател Доналд Трамп во интервју за Вашингтон пост и телевизијата Фокс изјави дека не планира да ги повлече САД од НАТО.
– Не јас не сакам излегување од НАТО. Но, сакам (другите земји-членки) да го плаќаат својот дел, истакна Трамп.
Тој додаде дека осум земји-членки издвојуваат два проценти од бруто домашниот производ за Алијансата.
– Но, всушност два процента се многу малку… Има такви кои речиси ништо не плаќаа, а сега плаќаат. И тие ме прашаа дали би се повлекле… И јас одговорив: Да. Ако не дадов таков одговор, тие немаа да плаќаат, истакна Трамп. (МИА)