четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп се огласи на Твитер откако беше пренесен во болница

Трамп се огласи на Твитер откако беше пренесен во болница

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер откако беше хоспитализиран поради Ковид-19.

„Мислам дека оди на добро! Ви благодарам на сите! Ве сакам”, напиша Трамп.

Трамп, кај кого беше дијагностициран новиот коронавирус, почна да зема антивирусен лек Ремдесивир. Не му треба „дополнителен кислород“.

Тоа го соопшти Шон Конли лекарот на 74-годишниот шеф на државата, кој се кандидираше за втор мандат, јавија американски медиуми.

Трамп беше префрлен во воената болница Волтер Рид во предградие на Вашингтон, каде ќе ги помине следните неколку дена. Тоа е мерка на претпазливост откако претседателот беше позитивен на Ковид-19, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекнани.