Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги повика властите во Џорџија да запрат со рачното пребројување на гласачките ливчиња. Според првичните резултати, во Џорџија води Џо Бајден со разлика од 14.000 гласови.
Одлуката за пребројување на гласовите претходно ја донесе државниот секретар на државата.
– Рачното пребројување во Џорџија е губење на време. Тие не ги покажуваат потписите кои се совпаѓаат. Запрете го пребројувањето додека не го дозволат совпаѓањето. Не дозволувајте редикалните леви демократи да ги украдат изборите, напиша Трамп на Твитер.
Победата во Џорџија носи 16 електорски гласови. Пребројувањето е планирано да трае најдоцна до 18 ноември. Доналд Трамп може конечно да го признае поразот по пребројувањето на гласовите во Џорџија, објави синоќа Си Ен Ен, повикуваји се на извори од администрацијата на претседателот.