недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трета оставка во Боливија

Трета оставка во Боливија

Боливискиот министер за одбрана Хавиер Завалета денеска поднесе оставка поради протестите кои ја зафатија земјата, соопшти Министерството за одбрана.

– Поднесувам оставка на функцијата министер за одбрана, со цел да го одржам единството на вооружените сили, изјави Завалета, додавајќи дека врховниот командант Ево Моралес, кој пред два дена поднесе оставка, никогаш не и наредил на војската, ниту на морнарицата, да вперат оружје во својот народ.

Тој истакна дека „доколку сега војската употреби оружје против народот, за тоа ќе бидат одговорни оние кои така одлучиле“.

Претходно, командантот на боливиските безбедносни сили Вилијамс Калиман изјави дека војската ќе и се придружи на полицијата со цел да се зачува мирот на улиците низ Боливија.

Истовремено, Завалета ги повика претседателскиот кандидат и главен противник на Моралес на неодамна одржаните избори, Карлос Меса и лидерот на протестите Луис Фернандо Камачо да спречат ескалација на судирите.