Смртоносниот напад врз болница во Појасот Газа е целосно неприфатлив, изјави директорот на ОН за човекови права, Волкер Турк.
Тој додаде дека сторителите мора да одговараат.
– Стотици луѓе се убиени во масовниот напад врз болницата Ал Ахли во градот Газа, вклучувајќи пациенти, здравствени работници и семејства кои бараа засолниште во и околу болницата. Повторно најранливите. Ова е целосно неприфатливо, истакна Турк.