Украинскиот шеф на дипломатија, Дмитри Кулеба изјави дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски е подготвен за состанок со рускиот колега Владимир Путин.
– Ако рускиот лидер покаже подготвеност, може да се состанат буквално уште утре, задутре. Зеленски е подготвен за тој состанок. Неговиот став е јасен, формиран околу овие прашања и Украина е подготвена на овие преговори, изјави Кулеба за Украинска Правда.
Тој додаде дека многу земји се нудат, односно се натпреваруваат да бидат домаќин на овој состанок.
– Можам да кажам дека конкуренцијата за „правото на средба“ меѓу Зеленски и Путин е поголема од онаа за домаќин на Олимписките игри, рече Кулеба.